Познатата поп-ѕвезда Сали (25) е пронајдена мртва во нејзиниот дом во близина на Сеул.
Пејачката не одговорила на повиците на менаџерот, а кога отишол кај неа ја нашол мртва како лежи на подот.
Сали, чие вистинско име е Чон Џин-Ри, ја прекинала својата пејачка кариера во 2014 година по жестоките критики, навреди и вознемирувања испратени до неа преку интернет.
https://www.instagram.com/p/B2MHmJaBzvB/?utm_source=ig_web_copy_link
Таа исто така била истакната актерка. Со шоу-бизнис почнала да се занимава уште на 11-годишна возраст кога глумела во познатата корејска серија „Баладата на Сеодонг“.
Сепак, најголемата слава ја оствари кога стана членка на корејската и светската сензација „f(х)“, со колегите Викторија, Амбер, Луна и Кристал.
Точната причина за нејзината смрт за сега не е позната.