Во рамки вторите две панел дискусии од регионалната конференција „Ефективна социјална заштита: поддршка на деца, семејства и заедници во борбата против сиромаштијата“ се разговараше за улогата на социјалните услуги, управувањето со случај и приходните трансфери во намалувањето на сиромаштијата.
Душан Томшиќ од Министерството за труд и социјална политика на Северна Македонија, истакна дека Западен Балкан има силна традиција на давање на услуги за социјална заштита и грижа преку центри, односно преку Центрите за социјална работа. Меѓутоа, во многу од овие земји таквите центри честопати се поделени според различните професионални одговорности и не нудат сеопфатна проценка на ранливостите на децата.
„Токму затоа со социјалната реформа МТСП воведе и управување со случај. Ова значи дека секое семејство добива социјален работник кој ќе се грижи за потребите на семејството и ќе го води нивниот случај од самиот почеток до крај“, рече Душан Томшќ
„Без соодветни инвестиции во услугите за социјална заштита и грижа, паричните трансфери нудат само делумно решение. Со него не се опфатени скриени ранливости, како дискриминација, психо-социјални проблеми или ментално здравје, коишто можат да ги доведат семејствата во сиромаштија или материјална обесправеност“, рече Сузана Борнарова од Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Алфонсо Лара Монтеро, од Европска социјална мрежа, истакна дека управувањето со случаи е предмет на промени и треба да се менува согласно потребите на општеството.
„Развојот на услуги како што се патронажна служба, грижа за деца и развој на предучилишно образование допринесуваат за намалување на сиромаштијата, посебно на детската сиромаштија.
Божидар Дакиќ директор на Заводот за социјални работи на Србија истакна дека секоја земја треба да работи на јакнење на капацитетите на локалните центри.
„Битно е локалните самоуправи да се вклучат во испораката на социјалните услуги бидејќи социјалните ризици се глобални, а решенијата се секогаш исклучиво локални“, рече Дакиќ.
На последната панел дискусијата за денеска, посветена на приходните трансфери и ефекти врз намалувањето на сиромаштијата беше речено дека целта на овие трансфери е да се заштитат ранливите семејства од ризиците.
„Нивна крајна цел е да обезбедат поддршка за граѓаните да почнат да заработуваат доволно за да се грижат за себе, трајно да излезат од сиромаштија и да не останат зависни од системот. Во Северна Македонија се внесени нови начини и средства кои ќе водат до намалување на сиромаштијата“, рече Јамеле Риголини, лидер на програма, Светска банка.
Маја Геровска Митев, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Северна Македонија рече дека Пристапот до правата пред реформите беше многу потежок и не водеше до намалување на сиромашријата.
„Клучната цел на ваквиот реформата е да се зголеми пристпноста со детскиот и образовниот дотаток и пристапноста до услуги. Една од целите на реформата беше поголем пристап и по покриена со социјална заштита. Проекцијата е дека околу 90 илјади деца ќе дибијат пристап од моменталните 23. 000 илјади“, рече Геровска Митев.
Конференцијата продолжува утре со нови четири панел дискусии.