Сечел дрва па си го повредил лицето со моторна пила

На 13.10.2019 во 15.15 часот во Полициска станица Кичево било пријавено дека околу 12.45 часот во објект на ул.„Јане Сандански“, Н.В.(51) од Кичево, при работа со моторна пила се повредил во пределот на лицето. Н.В. бил пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави