Коруптивна афера во која е вклучен заменик-министерот за здравство, Асим Муса, објави вечерва истражувачката емисија во Албанија „Фикс фаре“.
На објавената снимка новинарот се состанува со заменик-министерот, во улога на пациент кој треба да изврши операција на простата.
По состанокот во Институтот за нефрологија во Струга, Муса и „пациентот“ го одредуваат денот на операцијата.
https://www.facebook.com/tch.fiksfare/videos/3396909266993396/?t=0
За операцијата, која требала да се случи неколку дена по средбата, заменик-министерот Муса добива аванс од 50 евра, пренесе „in7.tv“.
https://www.facebook.com/tch.fiksfare/videos/2455700754485555/?t=1