Министерката за правда Рената Дескоска учествува на конференција за министри за правда во Советот на Европа која е во организација на Француското претседателство. Темата на конференцијата за министрите за правда ќе бидат „Дигиталните предизвици за правдата во Европа“, каде на првата сесија ќе се дискутира за „Пристапот до законот и правдата во дигиталната ера“, додека пак на втората сесија ќе се дискутира за „Влијанието на дигиталната технологија на кривичната правда“.
За време на посетата на Стразбур, министерката за правда Рената Дескоска ќе оствари и билатерална средба со финската министерка за правда, Ана-Маја Хенриксон.