Заев од Битола: Влогот во населението е влог во човечкиот капитал и затоа сме посветени да оставиме градби, објекти и институции кои им служат на граѓаните

Сакаме да бидеме уште поблиску до граѓаните и до локалната самоуправа, да ги слушнеме нивните приоритети и потреби, и од тие причини Владата на Република Северна Македонија својата редовна 159-та седница ја одржува вечерва во зградата на Општина Битола заедно со градоначалниците од пелагонискиот регион, од општините Битола, Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Новаци, Могила и Демир Хисар, истакна претседателот на Владата Зоран Заев, во изјавата за медиумите непосредно пред почетокот на седницата, и додаде дека ова е прва во низата седници што во наредниот период еднаш месечно, ќе се одржуваат во различните региони во државата.

„Во текот на денот, на седницата ѝ претходеа повеќе теренски активности на министрите, замениците министри и на некои од директорите на јавните претпријатија. Денес речиси целата Влада дејствуваше од и во Битола и Пелагонија. И тука, како и во целата држава се случува градежна офанзива во патната, водоводната и канализационата инфраструктура. Во Пелагонија имаме завршена и тековна рехабилитација и на патната инфраструктура – тука е патот до Прилепското Езеро, патот Битола – Новаци, патот Битола – Демир Хисар, патот Макази – Ресен, како и железничката пруга Битола – Кременица. Сериозно напредуваме и со гасоводот Неготино-Прилеп- Битола, со процент на реализација до 70 отсто.

Во обраќањето на почетокот на седницата, премиерот Заев информираше и за инвестициите во здравството, и ги издвои реновираната итна медицинска помош, вработувањата на медицински кадар,како и инвестициите во  вложено е во реконструкции и во нови апарати.

Претседателот на Владата на Северна Македонија Заев зборуваше и за мерката за бесплатни еко инвертери за греење во домаќинствата која во првата фаза ќе ја опфати и Битола.

„До 1000 евра ваучер за секое семејство кое ќе се одлучи да се грее на клима инвертер, а во исто време ќе се откаже од загревање на тврдо или фосилно гориво што загадува. Изразувам уште еднаш благодарност за Електрани на Северна Македонија за поддршката во реализација на оваа мерка, со која влијаеме врз изворите на загадување и со која го штитиме здравјето на граѓаните“, рече премиерот Заев.

Тој додаде дека влогот во населението е влог во човечкиот капитал.

„Затоа сме посветени да оставиме градби, објекти и институции кои им служат на граѓаните. Притоа особено вложуваме и во децата. На таа тема, сакам да ги издвојам инвестициите во градинките во Кривогаштани, Кравари, Новаци, Прилеп и Ресен. И она за што сме особено среќни – трансформацијата на домот за доенчиња и мали деца во Битола во пет мали групни домови со што пред време го финализираме процесот на вадење на децата од институциите и нивно сместување во подобри услови во мали домови, со индивидуален пристап кон секое дете“, потеннцираше премиерот Заев во обраќањето на почетокот на седницата на Владата, која вечерва се одржа во Битола во присуство на градоначалниците од пелагонискиот регион.

 

Треба да знаете
Последни објави