Во издание на „Академски печат” од Скопје е објавена збирка книжевни критики и есеи „Заветни поуки” од проф. д-р Васил Тоциновски.
Книгата содржи 70-ина книжевни осврти, обраќања и говори кон поетски и прозни остварувања од македонски и балкански автори од повеќе генерации: Стефан Марковски, Горјан Петревски, Тамара Арсовска, Вера Стојчевска-Антиќ, Славчо Ковилоски, Милован Стефановски, Христо Петрески, Васил Мукаетов, Павлина Климкар-Меанџиева, Зоран Пејковски, Славомир Маринковиќ, Сања Гракалиќ Пленковиќ…
Најголем дел од освртите се објавени во книжевната периодика помеѓу 2015-та и 2019 година, а голем дел од нив се предговори и поговори.
„Заветни поуки” е деветта книга критики и есеи од Тоциновски. Негова прва книга од книжевната критика е „Збор на времето” објавена во 1993 година.