Шар Планина со години е заглавена во лавиринтите за прогласување национален парк., додека јавноста секојдневно обзнанува нови докази за масовна и неконтролирана сеча. Министерството за животна средина и просторно планирање најави дека до крајот на 2019 година ќе биде прогласена за национален парк, иако тенденцијата покажува дека и оваа влада, по примерот на претходната, нема волја и интерес да го реши статусот на Шар Планина.
За планината Јабланица која веќе е со над 50 проценти уништен шумски фонд од локалните заштитени орди, Владата оваа година најави дека ќе отпочне постапка за прогласување за национален парк. По примерот со Шар Планина, голема е веројатноста да се работи за обичен популизам на владејачката коалиција која секојдневно губи рејтинг и доверба од народот поради нејзините криминални и анти-народни политики.
Додека „Македонски шуми“ се третира како биро за вработување на партиски кадар, најмалку 500 илјади кубни метри дрва годишно се набавуваат незаконски, од дивата сеча се заработува над 25 милиони евра годишно, или во изминатите 20 години, овој нелегален бизнис вредел речиси две милијарди евра. Во последните 16 години е направена штета по шумите низ Македонија која нема да може да се надомести во наредните 60 години.
Нашите природни богатства се касапат секојневно од организиран криминал што годишно остварува над еден милион евра, додека Министерство за внатрешни работи не презема ништо за откривање на сторителите. Единствено што функционира во Македонија е спрегата мафија-власт додека Владата единствено што нуди се скапи конференции и усвоени стратегии, без никаков реален ефект на терен.
За каков прогрес и препораки зборува Владата предводена од СДСМ додека мафијата, директно заштитена од власта, немилосрдно масакрира и уништува природни богатства само заради остварување личен профит.