Попладнево полицијата го уапси затвореникот Фидан Асани кој утрово избега од затворското комбе додека затворските чувари чекале сендвичи пред сендвичарница во Автокоманда.
Полицијата го порнашла на пат накај косовска граница, односно бил лоциран околу 17 часот во близина село Песница, општина Липково, велат полициски извори. Затвореникот е задржан во полициска станица во Куманово.
Денеска околу 11 часот, затвореникот Фидан Исени им избегал на двајцата чувари кои од Клинички центар го носеле назад во затворот Идризово.
Бегството се случило кога за време на трансферот чуварите застанале во близина на бензинска станица во населбата Автокоманда.
Според директорот на затворот Боби Мојсовски, полицајците ќе бидат суспендирани поради непочитување на постапката за менување на рутата, поради тоа што затвореникот не бил врзан и трето како што вели, најверојатно му купувале сендвич и нему. Исени е осуденик за разбојништво, криумчарење мигранти и предизвикување општа опасност