Австралија врати патничка во Виетнам поради шверц со свинско месо

Австралија за прв пат укина туристичка виза за непријавена храна, во обид да се заштити од африканската свинска треска.

Министерката за земјоделство Бриџит Мекензи изјави денеска дека 45-годишна жена, која пристигнала на меѓународниот аеродром во Сиднеј во саботата, имала непријавена храна во нејзиниот багаж, вклучително и 4,5 килограми свинско месо.

Таа беше вратена во Виетнам и ѝ беше забрането да се врати во Австралија три години, рече Мекензи.

Австралија се ослободи од болеста која уништи популации на свињи низ Азија и Европа, но африканската свинска треска неодамна е откриена во Источен Тимор, каде што австралиските ветеринари работат со локалните власти за да ја искоренат болеста.

Кучиња трагачи го прегледуваат багажот на директниот лет од главниот град на Источен Тимор, Дили, кон градовите во северна Австралија за да спречат контаминација.

Австралиските граничари од февруари заплениле 27 тони варено свинско месо од багажот на патниците.

Треба да знаете
Последни објави