На интернет се појавија снимки од сурово мачење на мајмуни во Германија.
Како што пренесува хрватски „Индекс“, снимените мајмуни се користат за тестирање отрови во лабораториите во Миененбател во северна Германија.
На снимката се гледа како мајмуните се тестирани во ужасни услови – врзани со метални алки и држени во мали кафези, врескајќи од болка.
Процедурата била откриена од активисти за правата на животните.
Покрај мајмуните, се тестираат и мачки, кучиња и зајаци, кои потоа се убиваат.
Активистичките организации Soko Tierschutz и Cruelty Free International спровеле тајно снимење во соработка со еден лабораториски работник.
„Животните сè уште пријателски мавтаа со опашките кога ги носеа да ги убијат. Мајмуните имаа најлош третман. Работниците кои работат таму не се обучени за нега на животните“, вели Фридрих Малн од Soko Tierschutz.
Според британски „Метро“, мачките во лабораторијата добиваат и по 13 инјекции на ден. Активистите за правата на животните повикуваат на заострување на законот.