Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола ја критикуваше одлуката за затворање на организаторите на референдумот за независност на Каталонија.
– Ова е неприфатливо во Европа во 21. век. Шпанија се претвора во авторитарна држава. Политичарите што оваа земја ги испрати во затвор се лидери на најголемите партии во Каталонија. Овој конфликт има само еден излез. Треба да се седне на преговарачката маса и да се преговара, изјави Гвардиола за француски „Л’Екип”.
Врховниот суд на Шпанија осуди 12 организатори на референдумот за независност на Каталонија. Девет активисти се осудени на затворска казна од девет до 13 години. Останатите тројца беа прогласени за виновни за непослушност и не им беше изречена казна затвор.