Концептот на едно општество за сите е на прав пат, овозможуваме еднаквост и фер шанса за сите

Прес конференција на Ѓулумсер Касапи, претседателка на Комисијата за едно општество за сите.

 
„СДСМ е на прав пат. За прв пат во рамките на СДСМ е формирана комисија „Едно општество на сите граѓани” во нашата држава – Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и други помали заедници.
Република Северна Македонија е демократска држава на рамноправни граѓани од различни националности и токму затоа  Комисијата „Едно општество за сите граѓани” има за цел да помогне во спроведување на препораките на меѓународните организации за градење на граѓанска држава.
За разлика од режимот на ВМРО-ДПМНЕ, кој правеше раздор меѓу граѓаните по сите основи, а пред се на национална, ние градиме мултиетничко и мултикултурно општество, базирано на владеење на правото, заштита на човековите права,  почитување на различностите и културен плурализам.
Главна цел ни е да изградиме толерантно општество. Доста ни е од меѓусебна омраза, поделби и дискриминација.
Поддржуваме програми, кои ги ослободуваат младите од предрасуди и стереотипи, им овозможуваат интеркултурен дијалог, меѓусебно разбирање и почитување на различните културни вредности.
Првото место, каде се градат вредностите на едно заедничко општество се детските градинки. Затоа воведуваме елементи на мултикултурно запознавање уште од најраната возраст, преку проекти и активности, што развиваат чувство на слобода, толеранција и соживот, но и јакнење на нивното чувство како креативни и толерантни поединци.
Предизвикот на заедничкиот живот во мултикултурно и мултиетничко општество, може да се совлада и прифати единствено со рамноправни граѓани, преку интеркултурен отворен дијалог и размена на мислења меѓу поединци, групи со различно етничко, културно, верско и јазично потекло, врз основа на заемно разбирање и почитување.
СДСМ, како демократска и просперитетна партија  го почитува интеркултурализмот и се залага за слобода,толеранција и соживот.“
Треба да знаете
Последни објави