Кривична за прилепчанец за недозволено поседување оружје

Во рамките на зајакнатите активности кои ги презема Министерството за внатрешни работи во борбата против недозволената трговија со огнено оружје, во координирана акција помеѓу Одделот за крим полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп при СВР Битола, на 15.10.2019 по Наредба од судија на претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории кои ги користи лицето Е.З.(32) од с.Лажани. Притоа, биле пронајдени и одземени една автоматска пушка калибар 7,62 mm, една пушка непозната марка калибар 6 mm, две рамки за автоматска пушка, пет куршуми за пиштол калибар 7,62 mm, два ловечки патрони калибар 16 mm и еден куршум за пушка калибар 7,9 mm. Лицето е лишено од слобода и по изготвување на соодветен поднесок од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп ќе биде предадено на јавен обвинител.

Треба да знаете
Последни објави