СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Т.(68) од с.Церово, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 11.10.2019 во с.Церово, полициски службеници извршиле претрес во домот на Д.Т.(68) и Ш.Т.(42), при што пронашле и одзеле пушка „Бокерица“ калибар 12 мм, 11 патрони калибар 12 мм, два патрони 16 мм и 15 куршуми калибар 7,62 мм. Исто така, биле пронајдени и одземени околу 15 кубни метри огревни дрва без соодветна документација и марихуана.