Францускиот претседател Емануел Макрон денеска разговараше со британскиот премиер Борис Џонсон, изјави официјален претставник од кабинетот на Макрон, без да прецизира за што точно разговарале. Од друга страна, портпаролот на Џонсон изјави дека британскиот премиер му рекол на Макрон дека британските власти ќе продолжат да работат на обезбедување договор пред самитот, кон крајот на неделава.
Запрашан да ја коментира изјавата на главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, дека правниот текст треба да биде комплетиран до крајот на денот, портпаролот рече дека Џонсон е свесен за временскиот рок.
Тој додаде дека Џонсон, доколку се обезбеди договорот, очекува Парламентот да работи нон-стоп за да ги донесе потребните закони за излез на Велика Британија од Унијата на 31 октомври.