Борислав Михајлов го послуша советот од премиерот Бојко Борисов и си поднесе оставка на функцијата претседател на Бугарската фудбалска федерација, иако првично тврдеше дека нема намера да се повлече.
Во соопштението се наведува дека Михајлов, како човек кој има многу контакти на високо меѓународно ниво, изразува подготвеност да продолжи да помага во развојот на бугарскиот фудбал.
Негативната слика која се создаде за бугарскиот фудбал во светот со расистичките испади на фановите, и дебаклот од 0:6 во натпреварот со Англија, беа доволна причина врз Михајлов да се направи огромен притисок од јавноста, дури и премиерот, за тој да си замине од функцијата прв човек на бугарскиот фудбал.