СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А. (61) и З.Ш.(71), двајцата од с.Форино, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење на шума“ и „помагање“. Во текот на 2017 второпријавениот, како инвеститор, склучил договор со првопријавениот за пробивање на пат кон с.Форино, без претходно обезбедено одобрение од ЈП „Национални шуми“. По ова, од почетокот на 2019 до 31.05.2019, во атар на с.Форино, на место викано „Форински извори“, на парцели сопственост на ЈП „Национални шуми“, првопријавениот со работна машина, извршил пробивање на пат, без соодветно одобрение. Притоа, тој оштетил 86 стебла, односно 15,38 кубни метри црн габер. Со ова пријавените, на ЈП „Национални шуми“ нанеле штета од 118.020 денари.