Протест на Каталонците во Брисел, протестираше и Пучдемон

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, денеска во Брисел им се придружи на поддржувачите на каталонската независност кои протестираа пред седиштето на Европската комисија поради пресудите за дванаесет каталонски сепаратисти.

„Ни треба поддршка од европските демократи затоа што оваа криза се однесува на европската демократија и квалитетот на европската демократија. Тоа не е каталонско, регионално или шпанско прашање“, речеПучдемон за кого Шпанија издаде европска потерница за апсење.

Шпанскиот Врховен суд вчера осуди девет каталонски сепаратисти на 9 до 13 години затвор за нивната улога во неуспешниот обид за прогласување на независност на Каталонија во 2017 година, додека тројцата преостанати обвинети беа прогласени за виновни само за непослушност и не добија казна затвор.

Поранешниот потпретседател на каталонската влада, Ориол Жункерас, е осуден на 13 години затвор за бунт и злоупотреба на јавните средства.

Пресудите предизвикаа насилсни протести во Барселона и други локации во Каталонија.

Треба да знаете
Последни објави