Прометот во индустријата од јануари до август 2019 година во однос на тој период претходната година бележи раст од 8,3 отсто, додека во август годинава во однос на август лани има пад од 0,8 отсто, а во однос на јули годинава пад од 14,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 отсто, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 7,8 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 8,1 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи намалување од 6,6 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 21,5 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,1 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 18,2 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за еден отсто.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2019 година, во однос на јули 2019 година, бележи намалувањеод 12,9 отсто, додека во периодот јануари – август 2019 година во однос на тој период лани раст од 0,3 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на странските пазари во август 2019 година, во однос на август 2018 година, има намалува од 0,5 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за пет отсто, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 8,2 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 29,1 отсто.
Прометот во индустријата на странските пазари во август 2019 година, во однос на јули 2019 година, има намалување од 15 отсто, додека во периодот јануари – август 2019 година, во однос на периодот јануари – август 2018 година, има раст од 11 отсто.