Репрезентацијата на Бразил, го заврши Светскиот одбојкарски куп со максимални 11 победи. На последниот настап од елитното натпреварување кое оваа година се играше во Јапонија, Бразилците претпладнево ја победија Италија со 3-0, по сетови 25:20, 25:22 и 25:15. За „кариоките” ова е трето злато во престижниот куп.
По Бразил кој заврши на првото место со 32 бода, во горниот дел на табелата се најде Полска со 28 и САД со 27 бода.