Светскиот шампион Франција играше 1:1 (0-0) против Турција на својот Стад де Франс, резултат со кој и двата тима направија дополнителен чекор кон пласман на ЕП.
Турција и Франција во групата Х сега имаат по 19 бода, четири повеќе од третиот Исланд, со уште две кола до крајот на квалификациите. Домаќините поведоа во 76. минута со голот на Жиру, но Турците возвратија преку Ајхан пет минути подоцна. Ayhan (81). По натпреварот гостинските фудбалери „војнички“ ги поздравија навивачите, исто како пред три дена по победата над Албанија, со што повторно предизвикаа конроверзи.
Некои француски политичари дури бараа натпреварот да биде забранет, но се играше, а на крајот на натпреварот истото сценарио.
Гостинските фудбалери ова го прават во знак на поддршка на турската војска, која според Турците учествува во анти-терористичка акција во Сирија.
Сега е на потег УЕФА…
#Turkish footballers salute after scoring a goal during #UEFA #EURO2020 Qualifying round match against Albania in #Istanbul, #Turkey #AA pic.twitter.com/g2K6bGtfgJ
— Anadolu Images (@anadoluimages) October 11, 2019