Франција и Холандија не прифаќаат да се одобри датум за преговори за Македонија и Албанија во пакет, дознава Телма од извори упатени во министерскиот состанок во Луксембург каде заседаваат министрите за надворешни работи на ЕУ.
Од друга страна, како што брифираат изворите на Телма три земји се спротивставиле на предлогот Македонија и Албанија да се раздвојат. Против раздвојување се Италија, Грција и Германија.
Точката околу проширувањето е застаната тука, и се очекува да продолжи во попладневниот дел од состанокот.