Селекторот на украинската фудбалска репрезентација, Андреј Шевченко, ја коментираше победата (2:1) над португалскиот национален тим, синоќа во натпревар на квалификацискиот турнир за ЕУРО 2020. По оваа победа Украина избори учество на Европското првенство.
– Го исполнив ветувањето. Ветив дека ќе одиме на Европското првенство. Тешко ми е да кажам, колку многу емоции беа доживеани на натпреварот. Благодарен сум на Киев и цела Украина за нивната поддршка. Тимот ги преживеа последните 15 минути благодарение на поддршката. Момците знаат како да се борат за репрезентацијата, изјави Шевченко.
Според него, за конечниот победник клучно било првото полувреме.
- Ние малку ја сменивме тактиката и тоа се исплатеше. Знаевме каде ќе имаат слободни зони. Го ставивме Марлос малку напред. Така дојдоа два гола. Игравме компактно, не им дадовме речиси ништо. Во второто полувреме тие притиснаа. Сепак на крајот се радувавме на победата, додаде украинскиот селектор.
На табелата во Б-групата, Украина е лидер со 19 бода од сеум натпревари, Португалија има 11 од шест средби, Србија е трета со 10, Луксембург има четири бода исто така од шест натпревари, последна е Литванија со само еден бод од седум натпревари.