Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска го осуди расистичкото однесување на навивачите на бугарската репрезентација, кои извеле нацистички поздрави и имитирале звуци на мајмун за време на натпреварот со репрезентацијата на Англија.
Step one of Uefa anti-racism protocol in Sofia. Announcement: "Because of racist behaviour the referee may suspend the match." Warning Bulgarian fans, who whistle derisively. "You racist b*stards, you know what you are," #eng fans chant.
— Henry Winter (@henrywinter) October 14, 2019
Борисов рече дека е неприфатливо Бугарија, за која вели дека е најтолерантна земја во светот, населена со луѓе со различно етничко потекло, да биде поврзана со расизам и ксенофобија, пренесува АП.
Тој го повика претседателот на Бугарската фудбалска асоцијација Борислав Михајлов да си даде оставка поради лошите резултати на репрезентацијата и додаде дека тој наредил министерот за спорт Красен Кралев да ги прекине сите односи со Михајлов сè додека не даде оставка.