Денесека, 15.10.2019 г. (вторник), во Општина Бутел започна есенската дератизација на целата нејзина територија.
Всушност, ќе бидат дератизирани 1 200 шахти со по два мамци.
Во текот на денешниот ден се изврши дератизација во населените места: Љубанци, населбата и селото Радишани. Во текот на утрешниот ден ќе бидат опфатени населбите: Расадник, Бутел 1 и 2, Скопје север и Визбегово.
Правецот на дератизација е од север кон југ заради поголема ефикасност во уништувањето на глодарите.
Дератизацијата ја извршува Центарот за јавно здравје, Скопје, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел