Основното јавно обвинителство во Струга отворило предмет за случајот со заменик министерот Асим Муса кој си поднесе оставка откако се појави снимка на која добива 50 евра. Предистрагата ќе биде направена со меѓунардона помош за да се обезбедат оригиналните снимки. Од прес службата на обвинителството рекоа дека ќе биде земен и исказ од заминик министерот.
Албанската телевизија Топ ченел објави снимка на која се гледа заменик министерот Муса како добива 50 евра, како што објавија новинарите, за да организира операција на пациент од Албанија.