Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт ја започнаа петдневната посета на Пакистан со свечен пречек и силни безбедносни мерки.
Кралската двојка прво го посетила училиштето за девојчиња во главниот град Исламабад, а потоа го обиколиле и блискиот национален парк во ридовите на Маргала.
Властите распоредиле повеќе од 1.000 полициски и воени сили кои се грижат за безбедноста на кралската двојка, пренесува АП.
Војводата и војвотката од Кембриџ, кои се силни поборници за женско образование, беа поздравени од наставниците и децата во женското училиште.
Според годишниот извештај на Обединетите нации, 27 проценти од девојчињата во Пакистан одат во средно училиште, додека повеќето го напуштаат основно училиште по седум години школување.
Принцот Вилијам и Кејт ќе се сретнат со премиерот Имран Кан во текот на денот.
Пакистанската министерка за информации, Фердоус Ашик Аван изрази надеж дека кралската двојка ќе понесе убави спомени.
Таа рече дека посетата се случила откако „Бритиш ервејс“ ги вратила летовите кон Пакистан по една деценија.