Денес после 2 и пол години од преземањето на одговорноста да управуваме со институциите, можеме да констатираме колку е различна нашата држава, порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, на трибината „На прав пат” во Кичево.
– Дека државате е променета и на прав пат, треба само да го споредиме тоа време од пред 2 години кога граѓаните немаа право на слобода на говор, а денес секој слободно и храбро може да даде критика, идеа и,сугестија.Од заробена држава, денес имаме комплетно сменета држава, затоа што комплетно ги променивме политиките што ја држеа заробена и денес нашата држава гради добрососедски односи, истакна Спасовски.
Потпретседателот Спасовски порача дека како држава направивме многу реформи, ги откочивме процесите и државата тргна кон правиот пат кој го заслужува.
– Многу скоро Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ќе ги започнеме преговорите за ЕУ ,иако се јавуваат дилеми кои ги слушаме од надвор, сепак одлуката ќе биде позитивна. Верувам дека искрено ќе се израдуваме на 17 и 18 и ќе го добиеме стартот за преговори, истакна Спасовски упатувајќи порака дека деструктивните обиди на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нема да успеат да ја оддалечат државата од интеграцијата во ЕУ и НАТО.
Ќе победи напредна и просперитетна Република Северна Македонија, порача потпретседателот Спасовски.