Две лица загинаа, а најмалку 26 беа повредени кога експлодира автомобил-бомба во Авганистан, јави новинската агенција „Паџхвок“.
Според извештајот, експлозијата се случила во провинцијата Лагман во источен Авганистан, во близина на зградата на локалната администрација.
Двајцата убиени се војници. Повредени се уште шест воени лица и 20 цивили.
Ниту една терористичка група не ја презеде одговорноста за експлозијата.