Завршницата од Лигата на нациите е планирана во март идната година. Од тоа кој ќе обезбеди директен пласман на ЕП преку квалифиакциите ќе зависи и кои селекции ќе добијат втора шанса преку разигрување за пласман на ЕП.
Во полуфиналето на плејофот од ЛН се игра еден меч, на теренот на подобропласираната селекција во вкупниот пласман во секоја од сегментите во лигите А, Б, Ц и Д.
Македонија според постигнатите резултати во групата од ЛН сигурно ќе биде домаќин на полуфиналниот меч од сегментот Д. И финалните пресметки ќе бидат со еден меч, а домаќините ќе бидат одредени со ждрепка на 22 ноември годинава. Четирите победници од сегментите во лигите А. Б. Ц и Д ќе се пласираат на завршницата од ЕП 2020, каде што пласман претходно ќе верификуваат низ квалификациите првопласираните две селекции од секоја од десетте групи.
Според сегашниот пласман во квалификациите можни учесници во плеј-офот од ЛН се:
Лига A: Швајцарија, Исланд, Бугарија/Израел/Романија*
Лига Б: БиХ, Велс, Словачка, С. Ирска
Лига Ц: Шкотска, Норвешка, Србија, Бугарија/Израел/Романија*
Лига Д: Грузија, Македонија, Косово, Белорусија
Ако редоследот во квалифиакциите остане ваков и по комплетирањето на групните натпреварувања би се влечела ждрепка за да се одреди која од селекциите на Бугарија, Израел и Романија ќе игра во плејофот од лигата Ц, а кој во лигата А.
Учесници во полуфиналното разигрување според резултатите од сегментите во ЛН се:
Лига А: Португалија, Швајцарија, Холандија, Англија
Лига Б: Украина, Данска, БиХ, Шведска
Лига Ц: Шкотска, Финска, Норвешка, Србија
Лига Д: Македонија, Косово, Грузија, Белорусија