Гласна музика од локалите, диви депонии, имотно-правни односи и узурпација на јавните површини се работите кои денеска жителите на општина Центар му ги предочиле на градоначалникот Саша Богдановиќ во рамки на отворениот ден. Од општината информираат дека Богдановиќ, заедно со општинските служби, ги ислушал забелешките и предлозите на жителите со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да се решат реалните проблеми со кои се соочуваат. Оттаму најавуваат дека отворените денови ќе продолжат следниот вторник и во наредниот период.