Очекувам реформите во Европската унија да се движат заедно со процесот на проширување со Република Северна Македонија и Албанија, порача од Австрија премиерот Заев. Во изјавата дадена за српската агенција Танјуг, Заев очекува позитивна одлука за Македонија бидејќи како што вели, ниту една земја членка на ЕУ, своите забелешки не ги кажала јавно. Проблемот е вели тој во реформите на ЕУ.
– И тоа е многу важно. Јас затоа очекувам дека реформите можат да се движат во ЕУ а процесот на проширување да продолжи со Република Северна Македонија и Албанија. Тоа е многу важно бидејќи само така ќе продолжи мотивацијата, Западниот Балкан да се менува, подобрува и сто тоа да стигне поблиску до стандардите кои ги имаат земјите членки на ЕУ“, рече Заев.
Премиерот Заев посочува дека и доколу ЕУ не донесе позитивна одлука Македонија ќе остане доследна на патот кон ЕУ.
„Алтернатива за нас нема. Ако не се донесе одлука ние не можеме да се откажеме од ЕУ. Секако дека ЕУ е нашата иднина. Веројатно ќе ја уништи Владата во Македонија. Но, ќе дојдат некои други и ќе го продолжат тој пат. Затоа што ние поради ЕУ го сменивме дури и нашето име. Направивме договори со Бугарија и Грција. Ги унапредивме односите со Србија, Албанија, Косово, со соседите во тој правец . Јас верувам дека ќе има се повеќе и повеќе мотивација за да продолжиме да работиме посилно за да покажеме уште повеќе успех“, рече Заев.