Третиот светски рекет во женска конкуренција, Јапонката Наоми Осака, е победничка во гласањето за титулата најдобра тенисерка во септември, според официјалната веб-страница на ВТА. Осака доби најмногу гласови во конкуренција на Арина Соболенко од Белорусија и Каролина Плишкова од Чешка.
Јапонската тенисерка во септември го освои турнирот во татковината, во градот Осака.