Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Филипини, 69 километри северозападно од Џенерал Сантос, јави американскиот Геолошки институт. По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами во Тихи Океан. За сега нема информации за евентуални човечки жртви или причинета материјална штета.