Србин од Холандија преку Дамјановски сака да ја купи 1ТВ

Пензионерот Богдан Дамјановски негира дека е нов сопственик на 1ТВ и вели дека е само посредник во купувањето на телевизијата на Боки 13, која сакал да ја купи извесен Србин кој долго време живеел во Холандија, објави Телма.

-Името не можам да ви го откријам додека не се официјализира. Подготвен е да вложи во телевизијата околу 2 милиони евра. И тој е пензионер кој долго време работел во Холандија и сега сака да се врати на овие простори, а заработените пари ќе ги инвестира во 1 ТВ за тоа што за кусо време постигна голем степен на гледаност, рекол Дамјановски.

Според Дамјановски, 1 ТВ имала само две неисплатени плати за 7 и 8 месец за 46 темина вработени, а сега стравува дека мистериозниот инвеститор ќе се откаже после негативната кампања која се води преку медиумите.

 

Треба да знаете
Последни објави