Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон ja посетија фабриката на „Ербас“ во Тулуз, во пресрет на очекуваните санкции од САД поради трговскиот спор.
„Сакав да дојдам овде, со Ангела Меркел, да го бранам индустрискиот шампион во време на трговски тензии“, рече Маркон.
САД планираат да воведат царини на европските авиони, вино, сирење, виски и маслинки откако Светската трговска организација (СТО) одлучи дека има право да одговори со контрамерки на какви било нелегални европски субвенции на „Ербас“.
Меркел рече дека Германија ќе стори сé што е можно за да овозможи „Ербас“ и во иднина да биде успешна компанија.
Двајцата лидери ја посетија производната линија на авионите А350 по што ручаа во труп на авион кои се користи за тестирање.
Во текот на денот, ќе претседаваат со заеднички состанок на владите, ден пред клучниот самит на ЕУ.
Засега се уште нема информации за тоа дали германската канцеларка успеала да го убеди Макрон да се воздржи од вето за датумот за пристапни преговори на Македонија со ЕУ.