Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ, реакција на прес конференцијата на Љупчо Николовски.
„Зоран Заев и Љупчо Николовски три години ја уништуваат економијата, резултатот од тоа е видлив денес во август 2019 во споредба со август 2018 година прометот во индустријата е намален за 6.6%. Кога индустријата оди надолу, оди надолу и економијата, доказ за тоа е и падот на работници во индустријата во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година за 2.5% или на 100.000 работници имаме 2.500 работници помалку.
Кога економијата тоне заради неспособноста на власта, зголемените даноци и давачки, зголемената акциза, криминалот и корупцијата државата тоне. Покачувањето на минималната плата е вештачко и нереално. Додека власта на хартија ја зголемува минималната плата во реалноста работниците ги враќаат парите на рака на газдите.
Нивото на капитални инвестиции е катастрофално ниско. За цели осум месеци од годината се реализирани само 28% од годишно предвидените инвестиции. И додека инвестиции нема, задолжувањето рапидно расте. Јавниот долг за првпат во историјата е над 5 милијарди евра.
Македонија има потреба од нови мерки и проекти кои ќе ја придвижат економијата напред. Македонија има потреба од реален развој. Со СДСМ тоа не е можно“.