Британската телевизија Скај за гледачите заситени од информациите за излегувањето на Велика Британија од Европска Унија денеска покрена канал без вести за Брегзит.
Анкета спроведена оваа лето покажаа дека британските гледачи по три години бомбардирање на јавноста за извештаите за текот на преговорите со ЕУ и условите за излегување на Велика Британија покажаа дека една третина од Британците целосно не гледаат вести.
Новиот канал без вести за Брегзит ќе се емитуваат секој работен ден навечер, а „Скај њуз” и понатаму на главниот канал детално ќе ги следи сите аспекти на Брегзит.
Резултатите од анкетата покажуваат дека 70 отсто од анкетираните изјавиле дека Брегзит кај гледачите предизвикува „премногу фрустрации поради политичките караници што ги следат”, а 40 отсто изјавиле дека се чувствуваат немоќно бидејќи не можат да влијаат на настаните, па затоа не гледаат вести.