Италијанската фудбалска репрезентација синоќа го совлада Лихтенштајн со 5:0 во мечот од квалификациите за ЕУРО 2020. Со оваа победа, селекцијата предводена од Роберто Манчини го повтори рекордот од пред 80 години кој изнесуваше девет победи во низа за „азурите”.
Ваква серија Италија претходно имала во периодот мај 1938 година – март 1939 година, кога беше предводена од Виторио Поцо.