Пентагон денеска соопшти дека не е во можност да му издаде документи на одбор на Претставничкиот дом во врска со истрагата против американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи како причина„ правни и практични прашања”. Британските медиуми јавуваат дека во документот Пентагон наведува дека Претставничкиот дом нема резолуција со која истрагата за претседателот е одобрена, како и тоа дека не може да направи документи за осум дена, колку што трае судскиот рок.
„Одделението во овој момент не може да го одобри барањето за издавање документи. Одделението, сепак, ја почитува надзорната улога на соодветните одбори на Конгресот и е подготвено да соработува со вашиот одбор доколку постои соодветна резолуција за ова прашање”, се наведува во писмото на Пентагон упатено до Конгресот. Демократите во Конгресот отворија постапка за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп обвинувајќи го дека од Украина барал помош да го извалка името на Џо Бајден, моментално водечкиот кандидат меѓу демократите за претседатеслките избори во 2020 година.