Приведени двајца Кубанци при обид нелегално да влезат во Грција

Двајца кубански државјани и четворица Албанци биле приведени во обид нелегално да ја преминат македонско-грчката граница, информираше МВР.

-На 15.10.2019 во 14.30 часот во Полициска станица Меџитлија од слобода биле лишени П.Б.И.Е.(46) и К.Ф.Л.(29), двајцата од Куба, кои во атар на село Драгош, битолско, се обиделе илегално да ја преминат државната граница помеѓу Р.С.Македонија и Р.Грција. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка, велат од МВР.

Според полицијата, пет часа подоцна во истата полициска станица биле приведени Г.Б.(23), С.Б.(33), Ф.Х.(18) и А.М.(32), сите од Албанија, кои во атар на село Живојно, се обиделе илегално да ја преминат државната граница. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави