Пензионерот Богдан Дамјаноски кој склучи договор за купување на 1 ТВ ќе го раскине договорот, пишува ИРЛ.
Дамјаноски за порталот изјавил дека инвеститорот во чие име настапува се премислил, бидејќи првичниот договор бил на помала сума, но откако УЈП ја блокирала сметката за неплатени даноци сумата се зголемила на околу 400.000 евра. Инвеститорот, чие име не сакаше да го открие, бил негов пријател кој живеел во Холандија и сакал да почне бизнис во Македонија. Првата опција била да ја купи телевизијата на Боки 13.
Дамјановски за Телма изјави дека телевизијата сакал да ја купи Србин, пензиоенерод Холандија подготвен да вложи во телевизијата околу 2 милиони евра.
Според Дамјановски, 1 ТВ имала само две неисплатени плати за 7 и 8 месец за 46 темина вработени, а сега стравува дека мистериозниот инвеститор ќе се откаже после негативната кампања која се води преку медиумите.
Претходно денеска од Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги рекоа дека побарале помош од МВР за обезбедување на документи од 1 ТВ затоа што размислуваат за одземање на дозволата на 1ТВ поради пропусти во емитувањето на програма, но не можат сами да ги земат поради заклучените врати на телевизијата.
-Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги не е информирана за најавите за нов сопственик за телевизијата 1ТВ и од Агенцијата се уште никој не побарал одобрение за промена на сопственичката структура на телевизијата што значи дека како сопственици во Централниот регистар се Јасна Мандиќ и Миле Јовановски, велат од АМВУ.