Искусниот хрватски фудбалски репрезентативец Иван Ракитиќ (31 г.) не игра сезонава во Барселона, а како последица на тоа се лошите игри кои ги имаше и во дресот на хрватската репрезентација на дуелите со Унгарија и Велс. „Моторот“ на тимот ја загубил самодовербата, делува бавно… Сето ова е последица на неиграњето во редовите на шпанскиот првак. Не е во преден палн кај тренерот Ернесте Валверде, кој му укажа вкупно прилика само 186 минути да мине на теренот од почетокот на сезоната.
Малата минутажа, неизвесниот статус иако хрватскиот интеранционалец летоска јасно и гласно порача дека ќе остана на „Камп Ноу“ да се бори за да си го зачува стандардното место кое изминативе пет години го имаше во тимот на Барса, е доволен сигнал дека во јануари ќе мора да побара нова средина.
Ракитиќ има три опции на располагање за да си ја спаси кариерата. Да се врати во препознатливата форма и да го разубеди раководството и стручниот штаб на Барселона дека не е за продавање. Преостанатите две опции се да се одлучи каде повеќе ќе му одговара да игра во препознатливиот стил во Италија или Англија.
Од италјанската Серија А сериозен интерес од поодамна покажа Интер, а во последно време и Јувентус, но директорот на Барса ја одбил понудата на италјанскиот шампион како несодветна. Последната италјанска опција за Ракитиќ е Милан.
Од Англија сериозен интерес покажува Манчестер јунајтед.