ВМРО-ДПМНЕ да каже колку заработил Микцоски од бизнисот со хидроцентралите и да побара да ги врати парите
ВМРО-ДПМНЕ упорно шири невистини и лажни обвинувања преку нивниот портпарол.
Наместо да лаже, ВМРО ДПМНЕ да каже колку заработил Христијан Мицкоски од бизнисот со хидроцентрали и да побара од него да ги врати парите кај граѓаните.
Познато е дека конзорциумот, во кој удел има Мицкоски во 2015 години од владата на осудениот криминалец во бегство Никола Груевски добил 33 метри квадратни за изградба на хидроцентрала.
Лагите конструирани во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ се провидни, бидејќи претседателот на СДСМ Зоран Заев нема удел во ниту една компанија.
После сите можни злупотреби кои фамилијата и режимот на Никола Груевски ги направија, после сите прибирања од бизнисот и купувања фирми, преку Орце, Сашо и многу други ВМРО-ДПМНЕ треба нив да ги повика на одговороност за криминалот.
Ниту една споредба со работата на приватни компании сопственост на членови на семејството на претседателот Заев не држат воопшто.
Фирмите работат законски, немаат добиено ниту денар буџетски средства, не учествуваат на ниту еден тендер и не добиваат пари од државата.