Маж на возраст од 58 години е уапсен откако холандската полиција пронашла шестчлено семејство кое со години живеело на една фарма во изолација.
Тој утре ќе се појави пред суд под обвинение дека противзаконски лишил од слобода и предизвикал штета по здравјето на други лица.
Како што пренесоа локалните медиуми, тој изнајмил семејна куќа во која семејството, петмина браќа на возраст од 18 до 25 години и нивниот татко, ги држел затворени во една соба девет години.
Неговиот идентитет не се соопштува. Човекот ќе биде обвинет за киднапирање.
Според досегашните сознанија, семејството го чекало крајот на светот, живеејќи во изолација на имот кај селото Руинерволда, во северна Холандија.
Тие се откриени кога еден од синовите, најверојатно најстариот брат, избегал и побарал помош во бар во близина.
Браќата преживувале хранејќи се со зеленчук што го одгледувале на имотот.