– Согласно законот за угостителска дејност, член 23, последниот став вели дека Советот на општината, односно градот Скопје за одредени туристички, културни и други манифестации можат да го продолжат работното време најмногу за два часа, но во времетраење до три дена. Со оглед на тоа дека, 11 Ноември е Денот на градот, а претходните денови согласно програмата за културни манифестации ќе се одржуваат манфестации на плоштадот, има потреба, а законот дозолува три дена по два часа да се продолжи работното време на угостителските објекти, објасни Стошевска.
На градскиот плоштад почнувајќи од 8 ноември ќе се организираат повеќе манифестации во пресрет на Денот на одлободувањето и јубилејот 500 години постоење на Куманово. Кумановци ќе имаат можност да проследат настапи на повеќе локални и македонски бендови, меѓу нив на „Некст Тајм”, но и на Џенан Лончаревиќ и Лепа Брена.