Ужас во Калифорнија: Се пријавил во полиција дека го убил семејството, не му верувале па им донел и труп
Еден маж во понеделникот со автомобил дошол до полициската станица во гратчето Маунт Шаста во северна Калифорнија и призна дека убил четворица свои роднини, вклучувајќи и лицето чие тело го довел во својот автомобил до станицата.
„Никогаш не сум доживеал некој да дојде со тело и да се предаде. Само дојде и му рече на нашиот диспечер дека сака да признае убиство. Тоа за нас беше многу необично, изјави полицискиот наредник Роберт Гибсон, додавајќи дека човекот бил многу мирен и ги кажувал фактите.
Убиецот, чие име не е објавено, дошол во станицата во Шасти од Роузвил, кои меѓусебно се оддалечени 320 километри. Полицијата во неговиот стан во Роузвил пронајде уште три тела.
Тој меѓутоа, во полиција не ги кажал своите мотиви. Гибсон рекол дека полицијата прво не му поверувала на мажот кога рекол дека го убил членовите на семејството. Тој тогаш им ги дал клучевите на својот автомобил и рекол дека дошол во станица со тело.
Човекот се наоѓа во притвор во Шасти, град со околу 3.200 жители. Обвинението се уште не е поднесено официјално, пренесе Њујорк Тајмс.
Полицијата рече дека истрагата е во тек, а властите се уште не го објавиле идентитетот на жртвите, туку само наведоа дека во прашање е семејство. Телото кое убиецот го донел со себе до станицата припаѓа на машко лице, но не е познато каде е убиена жртвата.
Се смета дека нема други осомничени за овие убиства.
Жителите на Роузвил кои живеат близу осомничениот рекоа дека го избрале ова подрачје за живот зошто делувало безбедно.
„Овде обично никогаш ништо не се случува. Ја оставам гаражата отворена и слично. Ова е безбеден крај“, рекла Дакота Мидлтон, која живее улица подолу од станот на убиецот.
Tonight… @RSVL_Police are still processing the scene at the 'Carmel at Woodcreek West' apartments where they found the bodies of three of four people one man has confessed to killing… driving one of the victims to @mtshastapd in Mount Shasta. @FOX40 pic.twitter.com/CKrXLaC4kD
— Sonseeahray Tonsall (@tonsalltv) October 15, 2019