Ерика Мена му се заблагодарила на своето момче со скап подарок бидејќи останала бремена

Поранешната манекенка Ерика Мена, која стана позната по учеството во реалното шоу „Љубов и хипхоп“, сакала да му се заблагодари на своето момче, раперот Сафари Семјуелс, на посебен начин затоа што забременила со него.

https://www.instagram.com/p/B3GNyjOJ5XX/?utm_source=ig_web_copy_link

Таа му подарила скапоцен ѓердан од 50.000 долари, на кој пишувало daddy, односно тато.

Станува збор за 14-каратен ѓердан од розово злато, украсен со дијаманти, пишуваат американските медиуми.

Според традицијата, мажите купуваат подароци за своите избранички кога ќе останат бремени. Сепак, Ерика решила да не го почитува обичајот и да се разликува од другите.

Семјуелс е поранешно момче на Ники Минаж. Тие раскинаа во 2014 година.

Треба да знаете
Последни објави