Привремен технички договор за брегзит денеска попладне во Брисел беше во голема мера подготвен и се чекаше сеопшта поддршка, изјави неименуван претставник на Европска Унија.
Тој истакна дека се договорени еднакви услови и царини, како и согласност од Парламентот на Северна Ирска на секои четири години. Но, за сето тоа да се придвижи потребна е согласност од британската Влада.
Претходно, портпаролот на британскиот премиер изјави дека Борис Џонсон пред министрите изјавил дека постои можност за постигнување договор за нов договор за брегзит со ЕУ, но оти се уште не е постигнат.